За време на натпреварот од СЕХА лигата меѓу Вардар и Металург, најверните навивачи на „црвено-црните“, покажаа дека не го забораваат својот навивач Никола Саздовски – Саздо, кој беше крвнички претепан на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда, по што десетина денови подоцна и почина.
„Комитите“ на трибините истакнаа негова слика и практично во текот на целиот натпревар скандираа „правда за Саздо“, алудирајќи на судењето за неговото убиство што е во полн ек.
Comments are closed for this post.