Во првата од јавните дебати за Уставните измени согласно договорот од Грција организирана од Владата се слушнаа повеќе мислења за она што е обврска согласно договорот од Преспа.

На дебатата учествуваа воглавно експерти кои важат за поддржувачи на политиките на власта. Но, и тие велат дека уставните измени се неопходни но оти низ јавните дебати има простор за подобрување.

Во воведното излагање, премиерот Зоран Заев истакна дека низ еден инклузивен процес сакаат граѓаните да ги направат поспокојни што ќе се случи по стапувањето на сила на Договорот од Преспа и целосното изгласување на уставните измени.

-Измените на Уставот ќе важат откако Грција ќе ги исполни своите обврски , односно ќе изгласа Договорот од Преспа и ќе ратификува протоколот за НАТО. Доколку Грција не ги исполни обрвските договорот нема да важи-дециден е премиерот.

На дебатата учестуваат и двајцата експерти кои го пишуваа Уставот од 1991 година, Владо Поповски и Љубомир Фрчковски.

Фрчковски е дециден дека амадманите не го загрозуваат граѓанскиот концепт на државата а прифатливи се и амадманите за идентитетските одредници. Тој е дециден дека решенијата се во рамки на уставните стандарди.

Сепак тој има забелешки за членот 36 каде сттои зборот „Македонија“ кој се однесува на Народноослободителната војна.

-Тој член може да има консеквенци бидејќи НОБ се водела на територијата на Македонија која сега е дел и од други држави.Исто така така во делот на дијаспората треба да стои дек републиката се грижи за дијаспората без да се споменува македонски народ-нагласува професорот.

Според Поповски, синтагмата во Преамбулата каде се споменува македонски народ е неопходна но е излишно и непотребно да се споменува Уставот од 1991 годиа и Референдумот од 1991 година.

Во Преамбулата треба да стои „граѓани на Северна Македонија, македонски народ“, бидејќи укажува на битен фактор – а тоа е дека граѓаните на Република Македонија не се национален државен субјект туку се колективен субјект кој се бори за своја држава-смета Поповски.