Македонскиот премиер Зоран Заев е многу јасен во говорот во Собранието кога зборува за македонско малцинство во Грција „чии деца“ треба да го учат македонскиот јазик, пишува „Ефимерида“.
Оваа реакција во грчкиот медиум, доаѓа откако вчера претставник на македонската влада објасни дека тензијата во Атина е крената заради несоодветен превод на дел од говорот на Заев. Владиниот портпарол во изјава за Пресинг ТВ демантираше и дека посредникот на ОН, Метју Нимиц, заради изјавите му се јавил телефонски на Заев, но денес „Ефимерида“ повторува дека таков разговор се случил.
Дека на таа изјава на Заев, кој всушност одговори на прашање од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што ќе се случи со македонското малцинство во Грција, е сфатена сериозно во Атина, говори и фактот што грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на средбата со словенечкиот колега Борут Пахор истакна дека Грција „нема да прифати произволно толкување на Преспанскиот договор“. Неговата изјава дојде токму по изјавата на Заев и јасно е како Атина на сите нивоа на власта го чита духот и словото на Преспанскиот договор.
Инаку, Заев вели дека сега по 27 години кога за македонското малцинство речиси ништо не е направено, се отвора моќност Македонците во Грција да го изучуваат македонскиот јазик, а дека грчкиот јазик веќе може да се учи во Македонија. Заев притоа вели дека сега имаме вистинска можност да им помогнеме на Македонците во Грција и да се отворат границите.
Оваа изјава беше причина грчкиот алтернативен министер за надворешни работи, Георгиос Катругалос да реагира и кај генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Comments are closed for this post.