Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО денеска од Брисел,  од нивниот состанок испратија силна поддршка за финализирање и примена на Договорот од Преспа, изјави денеска висок дипломат на Алијансата.

Поддршката дошла од сите членки на НАТО.  Грчкиот министер изјавил дека треба да се поздрави храброста на Скопје и Атина во овој процес.

Алијансата очекува дека Преспанскиот договор ќе биде комплетиран кон средината на јануари.  Потоа процесот на зачленување минува во Алијансата на потпишување на Придружниот договор. НАТО очекува дека Македонија ќе стане полноправна членка на пролет 2020 година.

Во меѓувреме, ќе почне процесот на ратификација во земјите членки на НАТО кој ќе трае 12 до 14 месеци.

Истовремено, во овој период, Македонија треба да поднесе програма за реформи и да ја спроведе за време на процесот на ратификација.