Холандскиот суд го одби барањето на пензионерот Емил Рателбанд (69) да во неговата лична карта се промени годината на раѓање, за 20 години помалку. Во писмената одлука судот навел, дека според холандските закони на Рателбанд му се доделени права и обврски на основа на старосните годнини како што се правото да гласа.
Рателбанд кој има 69 години, а минатиот месец изјави дека не се чувствува дека има толку години и поради тоа започна битка на легален начин да ги промени своите податоци
Холанѓанецот минатиот месец до судот истакнал дека не се чувствива пријатно поради својот датум на раѓање и ја изрази својата желба, тој датум да биде променет и наместо 11 март 1949, во личната карта да стои 11 март 1969 година
Кога имате 69 години ограничени сте. Ако имате 49 години веќе е поинаку. Тогаш можете да купите нова куќа и да возите друга кола . Кога на Тиндер ќе напишам дека имам 69 години, не добивам ниту еден одговор. А кога би пишал дека имам 49, би било поинаку, изјави Рателбанд.
Докторите, неговот тело го процениле како тело на 45 годишен.
Comments are closed for this post.