Маскирани лица упаднале вчеравечер во кафуле и го изрешетале сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници.
Владо Поповиќ, познат под името Влада Поп, убиен е вчеравечер во кафуле на Звездара во Белград. Маскирани лица упаднале во кафулето, го изрешетале Поповиќ, а потоа избегале во непознат правец.
Полицијата покрена акција ,,Виор” и е во активна потера по маскираните. Во пукотниците е повредено и 23 годишно момче, кое итно било префрлено во болница.
Поповиќ, инаку е сопственик на казиното ,,Хавана”, лани бил уапсен поради изнуда на 110 000 евра. Тој исто така бил близок и до познати припадници на белградското подземје.
Comments are closed for this post.