Заев не спремен ни да ги спроведе реформите во правосудството, но затоа видовме како е способен да ги прислушкува, да монтира уреди како би можел предвреме да ги слуша пресудите за да може да организира прес конференции каде ќе ги погодува годините.
Ова вчера го истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со членството во Кавадарци, соопштија од партијата.
Еве видовме зошто ги погодувал и судските пресуди и годините затвор, и заштитените сведоци ги знаел, затоа што не само што со бомбите го контаминираше целокупното оштество, не само што уништи животи со тие креирани, монтирани материјали, нелегално стекнати туку продолжива и сега повоторно не бил тој виновен, не бил Оливер Спасовски виновен, не бил СДСМ, повторно бил некој таму виновен од порано, нагласил Мицкоски.
Во изјава за медиумите по средбата тој истакна дека мора да има одговорност за случајот со прислушувањето на обвинителите и судиите. ВМРО-ДПМНЕ, вели опозицискиот лидер ја има целосно изгубено довербата во судството, а колку повеќе се обидува власта да си ја ишка мувата од капата, толку повеќе тоне во кал.
Comments are closed for this post.