Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат за улогата во нелегалното прислушување, остатоците од Груевизмот ќе бидат остранети од сите пори на институциите, соопшти денеска СДСМ.

Груевски,  Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана, велат од владејачката партија.

Мицкоски треба да одговори и за неговата улога во власта во 2016 година кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ но и претходно, кога му бил лева рака на Груевски како Советник во неговиот кабинет.Скандалот со прислушување на Јавното обвинителство уште еднаш покажува на каков начин функционирал режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, стои во соопштението од Бихаќка.

Од таму додаваат дека истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година и порачуваат дека за овој случај одговороност ќе има.