Во охридското село Рамне, вчера е пронајден леш во фаза на распаѓање, информираше пртпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 29 ноември оваа година, од страна на случаен минувач, во месноста „Водејнци“ атар на охридското село Рамне, пронајден е леш во фаза на распаѓање.По добивање на информацијата, а по овластување на Јавен обвинител, извршено е обезбедување на местото на настанот, а потоа извршен e увид, соопшти Домоски.
По наредба на Јавен обвинител, ќе се врши одбукција во судска медицина при Медицинскиот центар во Битола. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.