Романската јавност е збесната откако се дозна сумата која ќе биде потрошена за новиот храм кој се гради во Букурешт. За него ќе бидат потрошени 110 милиони евра, најголем дел од државни фондови.
Граѓаните на една од најсиромашните држави во Европската унија сметаат дека толкави пари можеле подобро да се искористат, а згора на тоа сумата може и да се зголемува бидејќи храмот е се уште во изградба.
Но, и недоизграден тој пред неколку дена беше осветен од страна на Вселенскиот патријарх Вартломеј. Храмот се наоѓа во центарот на Букурешт, веднаш до Парламентот и ќе биде најголем православен храм во Европа.
Ќе се распостила на 14.000 метри квадратни, а камбанаријата ќе биде на висина од 120 метри што е отприлика колку една 40 катница.
Comments are closed for this post.