Речиси половина милион лица, автомобили и простории беа проверени минатата недела за време на меѓународната полициска операција координирана од Европол и ЕМПАКТ Фајерармс во рамките на борбата против криминалот, со потекло од Западен Балкан.
Во четиридневната операција, 8.300 полицајци од 28 земји, од Фронтекс и Интерпол, работеа во централата на Европол во Хаг против нелегална трговија со огнено оружје и дрога, илегална миграција и фалсификување документи, соопшти Европол.
Подготвителната фаза за операцијата почна на почетокот на годината и во текот на таа фаза разменати се повеќе стотици информации за луѓе, телефонски броеви и документи меѓу сите партнери, при што уапсени беа 32 осомничени лица, запленети 102 парчиња огнено оружје и претресени 60 објекти.
Резултатите, постигнати од 5 до 9 септември се: 148 уапсени, запленети 159 парчиња огнено и друго оружје и експлозив, 286 килограма наркотици, а утврдени се злоупотреби со 22 визи, 40 фалсификувани документи, констатирани се 612 нелегални преминувања на границата.
Во операцијата, која ја координираа Европол и ЕМПАКТ Фајерармс, проверени се вкупно 482.014 лица, автомобили, објекти и пратки, а учествуваа сите држави од Западен Балкан заедно со 20 земји- членки на Европол, Швајцарија, САД, Интерпол и Фронтекс
Comments are closed for this post.