Две години црнила во здравството. СДСМ го зацрни здравствениот систем, нема инвестиции, нема проекти. Запрени се со градба и клиничкиот центар во Скопје и тој во Штип. Граѓаните се лишени од правото да се лечат во модерни здравствени центри, можност што веќе ќе беше реалност ако црната власт предводена од СДСМ не ги закочеше проектите почнати од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче продолжуваат во свој стил на крадење и лажење. Не може да се очекува поинакво однесување на луѓе кои ги следат постапките на аболицираниот криминалец кој ја предводи владата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до министерот за здравство Венко Филипче.
Од партијата додаваат нема бесплатно болничко лекување за сите како што ветуваше Заев пред изборите од пред 2 години.
„Филипче предлог буџетот за 2019 година го направи како свој список на желби. Граѓаните не сакаат да слушаат за нечии желби, граѓаните бараат мерки кои ќе бидат реализирани. Здравството е зацрнето. Откако СДСМ е на власт не е набавена никаква опрема за јавните здравствени установи. Власта не успеа да ги распредели ниту парите кои ги имаше за оваа година за нова опрема и одржување на старата. Ова е тотален дебакл.“
-Филипче вели повеќе пари за граѓаните. Но реалноста покажува дека во овој предлог буџет намерата е една и иста – парите да се слеат во џебовите на свои луѓе. Надлежните не се способни да го спроведат ветеното, туку само ги лажат граѓаните. Или од 2016 година ги повторуваат истите работи. Но, ветеното не гледа бел ден. Оваа власт внесе само црнила. Црнилото мора да си замине. Државата мора да тргне напред, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.