Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски во понеделник на јавна седница во Апелациониот суд ќе ги образложат жалбите за определената мерка притвор, која бараат да им биде укината.

Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, поранешниот генерален секретар на Владата, од пред 10 дена се во притвор.

Според СЈО, двајцата планирале идентично бегство како и поранешниот премиер Груевски. Ако специјалното обвиннителство знаеле дека екс премиерот планирал бегство , се поставува прашањето, зошто тогаш  не го спречиле. Начинот на кој Груевски побегнал од државава се уште не е познат, па оттука нејасно е како Јанакиевски и Божиновски планирале идентично бегство.

Фото МИА

Одлуката за притворот на екс министерот Миле Јанкиевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски ја донел кривичниот суд, на барање на СЈО, кое пак добило информации од УБК, дека двајцата се подготвувале за бегство. Според решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за прифаќањето на предлогот на СЈО, Миле Јанакиески да биде притворен, откако претходно било утврдено дека Јанакиески наводно преку посредник барал амнестија од претседателот.