Чедомир Јовановиќ би можел да биде нов советник на премиерот Заев, пишува српски „Блиц“. Како што тврди весникот, Јовановиќ се уште размислува дали да ја прифати понудата но но на Заев му понудил формирање на регионална коалиција за мир која од Скопје, Сараево, Белград и од Подгорица ќе го турка регионот кон членство во ЕУ.
Јовановиќ е еден од најконтроверзните политичари чие богатство се мери во милиони евра.Неговата кариера почнува како лидер на движењето „Отпор“ кое учестуваше во протестите против Слободан Милошевиќ.
Неговото име се поврзуваше и со врски со Земунскиот клан во деведесеттите години.
Омилен е кај жените и има прекар „Чедо ожени ме“. По падот на Милошевиќ тој се фрла на бизнисот има десетина фабрики и е познат по своите егзотични патувања од каде редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.