Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во ФЗОМ.
Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.
Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.
Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.
Според нашите информации, осомничени се Д. Д.- првопријавен, Р.А. – поранешен претседател на управен одбор на ФЗО, В.Ќ. -поранешен управител на Санте, С.Б. – поранешен сопственик и овластено лице во болницата, С.А. – сегашен управител, Г.А. – поранешен директор на болницата, Ц.С. – поранешен раководител на Сектор за контрола во ФЗО, Ж.С. – поранешен директор на ФЗО подрачна единица Скопје, како и И.П.- сегашен раководител на подрачна единица Скопј







Comments are closed for this post.