Британците заедно со Бугарите ќе снимаат филм за македонскиот Цар Самоил. Документарецот ќе го прави британската историчарка, писателка и телевизиска водителка, проф. Бетани Хјуз. Ова официјално го објави бугарскиот министер за туризам, д-р Илин Димитров. Најавите доаѓаат во чуствително време и затегнати односи меѓу Бугарија и Македонија поради пренесувањето на коските на Самоил од Грција во Софија.
Бетани Хјуз е позната авторка на документарци за BBC, Netflix, Discovery, National Geographic и Channel 4. Еден од нејзините најпознати документарци е за Рилскиот манастир и Пловдив на Viasat History.







Comments are closed for this post.