Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан, напиша премиерот Мицкоски.

Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија.