Албанскиот премиер денес бил погоден со кондура, јавуваат албански медиуми. Инцидентот се случил на влезот на Клиниката за трауматологија денес попладне каде Рама бил во посета на повредените демонстранти.
Напаѓачот бил веднаш уапсен од полицијата.
Медиумите додаваат дека албанскиот премиер ги посетил повредените демонстранти и полицајци од насилните демонстрации за контроверзниот проект „Голем ринг“ кој навлегува во приватни имоти.
Comments are closed for this post.