Извештајот околу тоа дали поранешните колонијални сили би требало да ги вратат делата од афричката уметност ќе биде објавен денеска во Париз.
Афичките земји од Етиопија до Сенегал нестрпливо го чекаат извештајот кој по ова прашање го побара францускиот претседател Емануел Макрон, наведува агенцијата Асошиејтед Прес.
Извештајот ќе го поднесе францускиот историчар на уметноста Бенедикт Савој и сенегалскиот економист Фелвин Сар.
Се очекува извештајот да препорача француските музеи да ги вратат на афричките земји уметничките дела кои се земени без нивна согласност, ако земјите тоа го побараат.
Шефот на Управата за истражување и заштита на културното наследство во Етиопија рече дека извештајот покажува нов раздор во односите меѓу Европа и Африка.
Ваквата одлука би можело да го зголеми притисокот на сите музеи во Европа да постапат на овој начин.
Поголемиот дел од афричката уметност, вклучително статуи и ракописи, се наоѓаат надвор од овој континент.
Сенегалскиот министер за култура рече дека логично е африканските земји да ги добијат своите уметнички дела назад.
Comments are closed for this post.