Ноќеска во 02:12 часот во СВР Скопје, А.М.(42) од Скопје пријави дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје било опожарено патничко возило  „бејџинг бејч“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое тој претходно го управувал, соопшти МВР.

Како што објавија повеќе медиуми, станува збор за возило кое го користел заменик-директорот Ахмет Мифтари.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.