Двајца пакистански цивили, двајца полицајци и тројца напаѓачи загинаа кога вооружени сепаратисти го нападнаа конзулатот на Кина во пакистанскиот јужен град Карачи. Меѓу загинатите се татко и син кои дошле во конзулатот да си ги земат визите за патување во Кина, наведува полиијата а пренесува Асошиејтет прес.
Сите кинески дипломати и персонал во конзулатот се на безбедно и никој од нив не е повреден за време на нападот изјави началникот на полицијата во градот Амер Ахмад Шеик.
Chinese Embassy Flag visible on the left pic.twitter.com/dcwjibMtAb
— Talal H Siddiqui (@talalsid) November 23, 2018
Нападот за кој одговорност презема милитантната група „Ослободителна војска“ од југозападната пакистанска провинција Балучистан претставува обид на сепаратистите да ја нападнат Кина, која е близок сојузник на Пакистан и која значајно инвестира во инфраструктурата.
По нападот Кина побара од Пакистан да ја зајакне безбедноста, а портпаролот на кинеското Министерство за надворешни Генг Шуанг изјави дека Кина нема да се повлече од големите проекти во Пакистан.
Пакистанскиот премиер Имран Кан го осуди нападот опишувајќи го како дел од конспирација против пакистанската и кинеска економска соработка.
Comments are closed for this post.