Тринаесет годишната Сандра Паркс загина од залутан куршум , кој влегол во нејзиниот дом во градот Милвоки , Висконсин.

Истото девојче пред две години , кога имала само 11 години напишала есеј ,, Нашата вистина” , во кој раскажала токму за проблемот со насилството од огненото оружје и освоила трето место на регионален натпревар.

Се наоѓаме во состојба на хаос. Во градот во кој живеам гледам и слушам речиси секој ден за примери на хаос. Мали деца се жртви на бесмислено насилство со огнено оружје,  напиша тогаш Сандра.

Во понеделникот таа самата беше жртва на такво насилство. Нејзината мајка раскажува дека вечерта порано легнала да спие , а децата останале да гледаат телевизија.

Кога ја разбудиле пукотници околу 20 часот , отишла во собата и ја видела Сандра во крв. Викнала брза помош , но девојчето набргу починало.

Истрагата утврдила дека цел на нападот била нејзината тетка , сестра на мајка и , која дошла кај нив на гости , а сакал да ја убие нејзиното поранешно момче . Тој е во притвор , како и уште еден маж кој му помагал.