Остварив средба со Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на која разговаравме за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси согласно европските стандарди, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук

Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните.