Проектот Сејф Сити покрај со Албанците успеа да не скара и со Србите. Се сеќавате кога ги воведоа камерите овдешните политичари Албанци тврдеа дека се поставени да ги казнуваат само Албанците. Море дури и на Уставен го дадоа законот. Ете српските туристи се жалат што на пат кон Грција шибале до даска, ги фатиле камерите а на враќање не ги пуштале да излезеат од Македонија додека не платат. Нормално.Требало за нив да има посебно предупредување само затоа што се Срби. Проблемот е што камерите не прашале:
„Брате, од Србија си? Ајде проџи слободно.“
Браќа Срби, знаеме дека патишата не ни се како вашите, но законите важат за сите. Што не се буните против Грција кога дремете по пет-шест саати на Евзони, туку си ќутите. Се заканувате дека следната година ќе одите преку Бугарија. Со среќа и убаво да си искарате на морето. И во Бугарија има камери, а бугарските полицајци важат за едни од пољубезните., коментира авторот на емисијата „5 минути со Чавез“ која ќе биде емитувана утре.







Comments are closed for this post.