Во двата завршни натпревари од 2. коло во ПМФЛ, фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва Вардар на гостински терен со 2-0 (0-0), додека Скопје и Струга одиграа нерешено 1-1 (0-0).

Дербито на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје сосема заслужено ѝ припадна на Шкендија, која по бавното темпо без посериозни шанси во првото полувреме, прикажа надмоќен фудбал во продолжението и дојде до победата со двата гола на Фабрис Тамба во 52. и 76. минута.

Триумфот на тетовскиот прволигаш над бранителот на титулата можеше да биде уште поубедлив, но Криезиу и во два наврати Ндзенге не искористија стропроценти шанси за гол.