До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.
Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.







Comments are closed for this post.