Монета од 2 евра во Бугарија, посветена на бугарската азбука, е блокирана по приговор од неидентификувана земја-членка на ЕУ, според документите што циркулираат во Советот на ЕУ, објави Новините.
Монетета иако е со планиран тираж од еден милион парчиња, сега е блокирана и не може да продолжи во својата сегашна форма без целосно одобрение од институциите на ЕУ.
Одлуката произлезе откако Бугарија го поднесе дизајнот на 19 мај 2026 година, според документот на Советот бр. 9435/26. Дополнителен документ од 29 мај 2026 година потврди дека една земја од еврозоната формално се спротивставила, иако нејзиниот идентитет беше редактиран во јавно достапната верзија како „избришан“.
Ниту едно официјално издание на ЕУ не открива која држава го поднела приговорот или образложението зад него.







Comments are closed for this post.