Нови морничави детали се појавија во истрагата за ликвидацијата на Јован Вукотиќ, кој беше убиен на 8 септември 2022 година во Истанбул. Покренато е дополнително обвинение, според кое на лица како турските криминалци Барис Бојун и Бинали Џамгез им се заканува доживотен затвор. Исто така, се верува дека клучна улога во убиството на водачот на „Шкаљарскиот клан“ одиграл неговиот возач Емре Карагач, кој им дал на убијците инсајдерски информации.

Десет дена по убиството, полицијата добила дојава преку е-пошта во која се открива дека „Кавачкиот клан“ стои зад оваа ликвидација, што се претпоставуваше, но беа откриени и клучни лица во организацијата на убиството кои се криеле во Истанбул.