Откако беа објавени цените на казните од камерите на „Сејф сити“ многумина возачи се прашуваат на колкава далечина тие „фаќаа“. Хрватски „Јутарњи лист“ прави анализа на речиси сите системи во регионот.
Камерата не снима непрекинато возила кои ѝ се приближуваат од голема далечина. Иако куќиштето на камерата може да се забележи оддалеку, уредот активно го регистрира прекршокот само кога возилото ќе се најде во зоната на мерење. Тоа е подрачјето каде што точноста на мерењето и квалитетот на фотографијата се доволни за да се покрене прекршочна постапка, пишува „Јутарњи лист“.







Comments are closed for this post.