Денеска во Клубот на пратениците ќе се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.
На средбата покрај Мицкоски ќе присуствуваат лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ЗНАМ Максим Димитриевски, на Вреди Билал Касами и на Левица Димитар Апасиев. Единст вен кој ја одби средбата е првиот човек на СДСМ Венко Филипче.







Comments are closed for this post.