Заминуваме од Кабул уште посвесни за огромната жрвта и за придонесот, кој нашите мировници го даваат за својата држава и за нејзините стратешки цели. Додека бевме во базата во Кабул вчера се случи навистина страшен напад во кој настрадале сигурно над 50 луѓе, цивили. Ова покажува колку е тука тенка линијата меѓу мир и војна, меѓу сигурност и несигурност.
Ова пред заминување за Македонија го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која беше во дводневна посета на македонскиот конгингент на НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во базите во Кабул.
Шекеринска порача дека голема е жрвата и придонесот кои македонските мировници го даваат за својата државата и нејзините стратешки цели.
Денеска им посакавме во име на цела Маедонија здравје, успех и среќни и задоволни да се се вратат кај семејствата. Тие многу вложуваат со своето учество во мировните мисии. Очекуваме дека тоа ќе се врати во смисла на поголема стабилност на државата, но и во смисла на нашето членство во НАТО, истакна Шекеринска.
Освен министерката Шекеринска, во македонската делегација во базата на аеродомот во Кабул беа и пратениците Фросина Ременски, Трајчо Димков и Реџаиљ Исмаили.
Вчера во главниот авганистански град се случи самоубиствен напад во кој загинаа 55 лица, а над 70 се повредени. Нападот беше насочен врз религиозна церемонија на која учествуваа стотици авганистански теолози.
Македонскиот контингент во „Одлучна поддршка” брои вкупно 49 припадници на АРМ.
Целосната изјава можете да ја погледнете на видеото во продолжение
Comments are closed for this post.