Кривичната пријава што денеска ја поднесе МВР за поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се однесува за неодземање на лиценца на станица за технички преглед од Сарај. Се работи за станицата „Виа Комерц“ од селото Глумово за која Спасовски ненавремено донел решение за забрана за работа.

Оваа станица е интересна бидејќи во неа се вршеле техничките прегледи на „Беса Транс“ во чиј автобус загинаа  45 македонски граѓани, а седум беа повредени.

За овој случај пред една година поднесе и Антикорупциската комисија.Комисијата утврдила дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.