Кој е рокот за плаќање на казните и има ли можност за жалба? Началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски во интервјуто за „Република“ го објасни начинот на плаќање на прекршоците во „Сејф сити“ и оти е речиси невозможно да се избегне казна.
Началникот вели дека можеби некои ќе играат на „финтата“ да не го отворат линкот во кој е записникот за сторенииот прекршок, но тоа може само да го пролонгира но не и да го избегне плаќањето на казна. На крајот на сторителот ќе му бидат одземени пари од трансакциската сметка преку УЈП.
Кога ќе го сторите сообраќајниот прекршок имате имате 24 часа за да ви стигне првата порака дека сте стотиле прекршок и да отворите на следниот линк и вие имате рок да го отворите тој линк. Да го земеме сценариото дека ја отварате, таму ја имате казната и ви тече рокот од 8 дена да ја платите или не ја плаќате и чекате жалба во судот.Да одиме со сценариото дека нема да ја отворите пораката за 24 часа, ќе ви стигне нова во која ќе стои дека имате порака која имате рок да ја отворите од осум дена и таму ви е линкот за прекршочниот налог..Кој ден и да ја отворите од тој ден ви почнува рок за приговор, Ако ја отворите петиот ден пораката имате осум дена да ја платите пола и да завршите или да се жалите дека не сте возеле вие,да го донесете лицето или да донесете изјава кој возел.Сето ова е во рокот од нови осум дена.Жалбената постапка во судот за прекршоци е на терет на оштетениот .Вие треба да отворите приговор a наш е теретот за доказната постапка пред судот, Кога ќе се спореди снимката другата страна нема да има аргументи.Ако и првите осум дена не ја отворите пораката, во следната порака ќе ви стигне дека сте го изгубиле рокот за плаќање половина.Следните осум дена ви се за плаќање цела сума или да вложите приговор кон МВР што оди во суд. Ако и во вторите осум дена ви не ја отворате пораката тогаш го губите правото на првите осум дена за пола сума, го губите правото на вторите осум дена бидејќи не сте ја отвориле пораката, не се интересиратем но ниту сте поднеле приговор.Во тој случај МВР преку системот на УЈП ви го одземе парите од сметка.Не се исплати за пет евра или 23 евра да влегувате во доказна постапка, да правите трошоци и на крајот да ви докаже судот дека ве има на слика кој е непобитен доказ.Треба да сфатите дека сте направиле грешка, тоа е идејата и да си речете од денеска ќе почнам да возам правилно.Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната, објасни Топаловски.







Comments are closed for this post.