На втори март 2017 година тогашната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини дојде во Скопје за да врши притисок врз претседателот Ѓорѓе Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев да формира влада и покрај тоа што загуби на парламентарните избори.

Иванов бараше гаранции од Заев дека нема да се менува името, но на крај попушти под меѓународниот притисок.

По средбата со Иванов Могерини на средба со новинарите во арогантен стил порача дека „Македонија мора да се врати на патот на евроинтеграциите и да го почитува владеењето на правото“.

Откако „Заев на врат на нос“ направи Влада, Могерини беше честа гостинка во Македонија и даваше поддршка на „проевропската“ влада на СДСМ и ДУИ. Најсериозен ангажман имаше во преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името. Таа ветуваше дека штом го смени името Македонија ќе ги почне преговорите за членство а за неколку години ќе стане и членка на ЕУ.

Могерини се појави и во селото Нивици на 17 јуни 2018 година кога се потпиша Договорот од Преспа. Могерини од името на ЕУ беше еден вид на гарант на Договорот.

Неколку месеци подоцна Могерини се повлече од функцијата во ЕУ. За неа речиси ништо немавме слушнато се до вчера кога 52 годишната Италијанка уапсена од белгиската полициј за измама за финансирање на Академијата во Бриж за млади дипломати.