Судијата Ивица Стефановски ја напишал пресудата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Речиси шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст е предаден на бранителите на осудените. Тие најауваат дека ќе се жалат на Апелација и ќе бараат јавна седница.

Љупчо Палевски Палчо,  Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кон крајот на јуни. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка беше ослободен од обвинение.