Денеска почнува судењето за пожарот во дискотеката Пулс.Судскиот процес започнува по осум месеци од трагедијата.За смртта на 63 лица, 35 обвинети и три фирми ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност, кои според истрагата придонеле до трагичниот исход.

Предметот ќе го суди судијката Диана Груевска-Илиевска.

Ќе им се суди на сопственикот на дискотеката, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија, директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пазарни инспектори, фирмата за обезбедување..