Македонија е понижена во Велс. Доживеавме висок пораз од 6-1 кој го заслуживме. Нѐ одигравме ништо ниту во одбраната ниту во нападот. Делувавме исплашено и безидејно и овој пораз добро ќе ни дојде за освестување. Правевме многу грешки, посебно Стојчевски кој го предизвика пеналот од кој колата тргна надолу. Нути замените на почетокот на вториот дел не променија ништо во нашата игра.

Ова е наш прв пораз во квалификациите и сега до Светското првенство ќе мораме по потешкиот пат. Ждрепката во четврток ќе ја чекаме од последниот барабан а тоа значи потежок противник. Можеби Италија или Турција.