Бенфика повторно не успеа, овој пат против Каса Пиа во првенството, и одигра само 2:2.

Бенфика водеше со 2:0, а потоа гостите добија пенал, по што се вратија во игра. Подоцна, Каса Пиа израмни во судиското продолжение, а тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, реши да истрча на теренот и да им одржи лекција на судиите.