Локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ се голема, историска победа која ќе има големо влијание во политичкиот живот во Македоннија во следните години. Она што е најважно е што ВМРО-ДПМНЕ го задржа трендот на раст на поддршката, овојпат за три посто. Ова е посебно важно ако се знае дека за овие избори како сите да се здружија против ВМРО-ДПМНЕ, и леви и полеви, и центар и Албанци и неалбанци. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на една страна, останатите на другата.

Граѓаните препознаа тоа што ВМРО-ДПМНЕ водеше конкретна кампања, блиска до нивните локални потреби.Кога се работи искрено резултатот е 55 општини, наспроти СДСМ само 6. СДСМ веќе не е ни најголема опозициска партија. Како пример, во Град Скопје СДСМ на ниво на градоначалници е на трето место, а во Советот дури петта.Пред СДСМ се нивните коалициски партнери ДУИ и Левица.

Друг важен момент од овие избори е што ВМРО-ДПМНЕ ги освои досега неосвоивите тврдини како Струмица, Карпош, Крушево, Валандово, Дојран,Делчево….. и се разбира најголемиот успех-Кичево.

Ако за нешто треба на обичниот граѓанин, без разлика дали е Македонец или Албанец да му биде драго е што во Кичево е поразено ДУИ и башибозукот на Фатмир Дехари. Кичево конечно е „ослободено“ од тајфата на ДУИ и нема дилема дека новиот градоначалник Александар Јовановски ќе работи за сите граѓани без разлика на етничката и верската припадност.

Филипче да си поднесе оставка

СДСМ, поточно лидерот Филипче како да живее во некој парлалелен свет. Со само 6 освоени градоначалници тој вели дека ова е добар резултат и не планира да си поднесе оставка. Пред тој да најави кадровски промени веќе си заминаа потпретседателката Ана Чупевска и Ѓорѓи Галетановски од Градската организација. Но, оставките во СДСМ не треба да почнат од Чомбе и од Ана туку се знае од каде од лидерот Филипче.

foto collage

Но, Венко нема да си поднесе оставка се додека СДСМ ја раководи Заев од Дубаи кој дојде во Струмица за локалните избори и ја дозакопа СДСМ. Ако си заминат од партијата СДСМ ќе може да се реформира бидејќи не е добро за државата волку слаб ЕС-ДЕ-ЕС. А и Венко и Зоки ќе можат намира да се посветат на бизнсите по белиот свет.