Во местото Омољица во близина на Панчево изби голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта.
Огнот се проширил кон силосите со жито, кои се наоѓале во близина, објави српската државна теливизија РТС.
Според очевидци, се слушнале повеќе експлозии, но за среќа нема повредени. Сепак, на местото на инцидентот веднаш пристигнале пожарникарски и медицински екипи.
Пожарот бил брзо локализиран, по што службите почнале да го гаснат. Во хангарот што го зафатил изгореле сточна храна, гуми и гориво.
Comments are closed for this post.