Еве сме пред крајот на изборната кампања.Ја издржавме некако. И додека сите партии им се обраќааат на македонските граѓани, без разлика на етничката припадност, од ДУИ се растрчани по Европа да бараат гласачи иако ова се локални избори. Раководството на ДУИ е во мисија во Швицарска, Немачка, Австрија за да ги убедуваат во недела да дојдат и да гласаат во Кичево. Мој је живот Швицарска, коментира авторот на ТВ Колумна „5 минути со Чавез“
Е ама се сменија времињата. Тие што сега ги молите да дојдат и да гласааат си заминаа поради вас. Не помагаат сега авиони и автобуси. И Албанците се освестија. Зошто да се вратат, па макар и на еден викенд. Што ќе видат, празни училишта или пак спуштените ролетни во нивните домови во Кичево, , Тетово, Гостивар. Доволно е да отидат во Зајас и веќе никогаш да не им текне да се вратат, кога ќе видат дека тоа е личен вилает на Ахмети во кој контролира се од легални до помалку легални бизниси.
Што има нас Македонците да ни бираат градоначалници, вели Ахмети на секој митинг. Молам. Каде живеете вие команданте, на Косово, во Албанија. Што не ко кажа ова кога Албанците масовно гласаа за промена на името Македонија.
Што имаше тогаш Албанците да ни го менуваат нам името. Поголем дел од Македонците тоа не го прифатија но живеат со тоа. Или пак кога чаирчанецот Бујар Османи прифати со францускиот предлог учебниците по историја да одат на одобрување. Дали ти команданте би прифатил учебниците за албанската историја да одат на одобрување во Србија? Споредбата е иста.„
Па стравот дека Кичево ќе ви го земе, според вашите сваќања Македонец покажува дека вие не живеете во 2025 туку во 95 година и се спремате за војна. Не постои кандидат Албанец или Македонцец ,туку добар и лош, оној што ќе работи за граѓаните и оној што си гледа за партијата. А на вашиот кандидат Фатмир Дехари најголемо достигнување му беше фотографијата со заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска под знамето на УЧК. Како да не гласаш за ваков кандидат.
И на СДСМ не му иде памет. Пред избори се врати задграничниот комитет од Дубаи. Да Зоки е во Струмица да ја дозакопа партијата пред избори како што тоа го напарави на минатите кога со едно појавување во јавноста и на тие што сакаа да излезат да гласаат за СДСМ им збоктиса. Туку и така СДСМ на овие избори се обични спотери на ДУИ.
Планот на Венко е ДУИ да освои што поголем број градоначалници, да се предизвикаат предвремени парламентарни избори па во некоја идна распределба на картите и тие да седнат на масата за преговори. Иначе кој би ги гласал. Ах бе Венко, домашниот есап не излегува на пазар. Сите општински комитети вријат, затоа во кампањава се собирате во домови на култура, во некои клубчиња, плоштатчиња. Уште малку по дома ќе се собирате.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен откако го преживеа гласањето за нејзина доверба денеска доаѓа во Скопје за да каже дека и ние како Украина и Молдавија ќе го прескокнеме ветото од Бугарија и ќе почнеме преговори за членство. Звучи убаво ама нереално. Урсула не доаѓа за арно, особена на три пред избори па макар тие биле и локални.И на оние во Брисел не им иде памет. Украина е во војна, а Молдавија е за греота, дури и не ја контролираат третина од територијата.
Еве Урсула за да покаже дека навистина ја сака Македонија во ЕУ а не со празни зборови на следниот состанок на Европскиот совет кога ќе се одлучува за нас нека му каже на Радев или на оној бугарскиот премиер кој ретко кој знае како се вика да излезат на кафе а вие донесете ја одлуката Македонија да ги почне преговорите. Се разбира дека тоа нема да го направите. Затоа Европа ја нарекуваат блудницата вавилонска, а на ЕУ полека и истекува рокот на траење.
За крај да завршиме со нешто убаво. Македонската фудбалска репрезентација со дела покажува како треба да изгледа соживотот во Македонија. Македонци, Албанци, Турци се борат под знамето на Македонија. Добро, не сите ја пејат maкедонската химна, но барем се борат, по Европско сонот наш да стане и Светско. Овие момци тоа го заслужуваат. Сега е нивно време.
Comments are closed for this post.