Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија во Битола.

Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија МААК. Веднаш зад Велјанова според возраста е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК. Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи.