Се сеќавате на денешниот ден 2017 година. Овој ден ќе остане запишан во македонската историја со златни букви кога македонските граѓани кажаа не за промена на името. На 30 септември се одржа референдумот со прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

На референдумот кој беше консултативен од вкупно 1.806.336 гласачи излегоа 666.743 граѓани  или 36,91% од гласачкото тело, од кои 609.813 гласаа „за“, а 37.700 гласаа „против“, додека 19.230 ливчиња беа прогласени за неважечки.

Референдумот беше неуспешен, односно, одлуката не е усвоена затоа што не гласаа повеќе од половина од граѓаните.

Тогашниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев не си остана на зборот и не поднесе оставка по неуспешниот референдум.

foto SDSM

Не само што го погази зборот туку и почна процедура за промена на името во Собранието со уцени и поткуп на пратеници што резултираше со промена на името во Република Северна Македонија на 11 јануари 2019 година.