Преговараме со колегите министри од државите низ каде поминува Коридор 10 да потпишеме Договор за соработка за развој на коридорот во делот на патната и железничката мрежа, зелената транзиција и во делот на електропреносната мрежа. Оваа наша иницијатива веќе е прифатена од некои министри, со останатите ќе договараме во следниот период, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во ТВ Сител.

Како што потенцираше ова е од исклучителна важност за сите земји бидејќи Коридорот 10 носи силен економски бенефит.

“Целиот проект има смилсла доколку сите државни кои се на линијата на кориродр 10 инвестираат. Во моментов постои брза пруга од Атина до Солун, она што недостасува е Солун-Гевгелија-Скопје-Ниш. Белград -Будимпешта беше пуштена во функција во ноември, Будимпешта-Братислава постои, Будимпешта-Виена се работи во моментов и она што се согласивме е да потпишеме пет-партитетн договор меѓу нас државите на коридор 10, не само за железницата, туку и во делот на автопат и зелена транзиција и во делот на електропреносната мрежа”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека Македонија е веќе влезена во фаза на постапки за брзата пруга, следен чекор е потпишување на договорот со државната компанија “Кросреил” од Велика Бртитанија.

“Го овластивме директорот на Македонски Железници Инфраструктура да потпише договорот со “Кросреил”. Она што е значајно е тоа што “Кросреил” е во целосна сопственост на Министерството за транспорт на Велика Британија. Таа е компанија која ја изгрaди првата целосно дигитализирана метро линија во Лондон. Тие ќе го пренсуваат своето знаење и искуство кон вработените во Макeдонски Железници и ќе бидат контакт точка со сите владини институции. Ова е прв чекор во нашата идеја за брза пруга. Во разговори сме со сите соодветни институции кои се поврзани за изградба и веќе следната година ќе градиме на терен-потенцираше вицепремиерот Николоски.