Од денеска: Казна од 40 евра за поминување пешачки со телефон во рака или на тротинет

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила денеска важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите.
Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот.
Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите кои ќе поминат на црвено или непрописно ќе паркираат, а кои ќе се ловат со камерите на проектот Сејф сити.
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






Comments are closed for this post.