Македонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите. Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки.

Од унгарската Влада пред пратениците во Парламентот појаснија  дека постапката за азил се води и врз основа на оценките на ЕУ за судството во Македонија и за условите по македонските затвори.

Токму овие параметри, како што вели Гулаш, се земаат предвид во постапката за добивање азил во Унгарија.

Одговарајќи на пратеничкото прашање, Гулаш вчера кажа дека принципот на безбедна земја е важен, но според процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, додавајќи дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна

Груевски на 9 ноември требаше да се јави во затворот Шутка на издржување затворска казна од две години за предметот „Тенк“ на СЈО за набавката на мерцедесот. На 13 ноември тој  на фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека бара политички азил поради закани по живот во Македонија.