Чаир е често досадно место, пееше Владо Јаневски во својот најпознат хит опишувајќи го животот на чаирските фраери во деведесеттите години. Во новото време најпознатите чаирски фраери би биле Бујар Османи и Изет Меџити, кандидатите за градоначалник на една од најважните општини за Албанците во Скопје. Кој ќе го освои Рим владее во светот, а кој ќе го освои Чаир владее со Албанците во Македонија. Секаде можеш да загубиш само не во Чаир.Затоа овие локални избори ќе бидат најнеизвесни во Чаир бидејќи во речиси сите други општини каде мнозинство се Македонци се знае победникот, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Но, во Чаир ќе биде неизвесно и затоа двајцата кандидати се Ол ин што би се рекло, нудат се живо и диво и она што е и она што не е нивна надлежност. Ете и двајцата се сетија да повикаат познати архитекти да го направеле Чаир, едниот вика како Њујорк, другиот како Бурса во Турција. Господе боже, кога се ветува нешто нека се ветува со усул. Чаир ќе бил како Њујорк, прво нека го направат како било кое гратче или општина во Косово или Албанија, бидејќи тие за Чаир и навистина се Њујорк. Бујар пред неколку недели се чудеше дека во Чаир имало сообраќаен хаос и дека тротоарите биле окупирани од автомобили па не можел со количката да помине додека го шетал детето. Абе ајде, па каде живееше ти досега, во Брисел. Кој беше градоначалник на Чаир 20 години, Да не беа од ДУИ случајно? Што не им кажа тогаш или сега ти текна.

„На Чаир не смее повеќе да се гледа како симбол за хаос и нефункционалност. За мене ова е домот каде ќе вложам секој атом енергија за да го подигнеме од пепелта“, порача Османи. Јаки мисли нема што, рече Бујар кој станувал во шест сабајле и прва мисла му била Чаир.

За Чаир да стане пристојно место за живеење не ви требаат архитекти. Потребен е само ред и почитување на законите. Еве на пример прво можете да почнете со сообраќајниот хаос. Едуцирајте ги чаирчани да не паркираат каде што ќе им текне, да не треба кога поминуваш како пешак и во еднонасочна улица да гледаш на двете страни, за секој случај. Еве Бујар може да бара да се тргне онаа бетонска ограда од булеварот, за Чаир да не налиикува на Кабул и да организира часови по сообраќајна култура дека улица се поминнува на пешачки премин а не среде улица. За тоа архитекти не требаат.

И двајцата кандидати се згрозени колку дивоградби имало во Чаир. Па тоа не е од вчера, што се чудат. Архитекти ли ви требаат за да секој гради каде што сака? Не, затоа треба само, закон, нишго друго.Ако не им е јасно нека го прашаат Еди Рама кој до влезот на Албанија во ЕУ најави рушење на сите дивоградби. Ете така се сака државата.

Венко се јави, навистина се јави. По дваест дена пловење со јахтата се појави во Скопје, исончан, освежен Тоа е,кога си на отворено море нема секаде сигнал. .Венко што се брзаше да се вратиш, не е итно. Тоа што во партија никој не те игра игра и што за два месеци имаш избори ич да не ти чуе. Го знаеш ти резултатот предвреме. Кога нашите родители за некого ќе речеа дека е добро дете ама е западнат во лошо друштво како да мислеле на Венко. Лошото друштво на Венко се вика Зоки.

Пропадна уште еден обид на шарените револуционери во Србија да предизвикаат граѓанска војна. Да ,намерата беше да се предизвика граѓанска војна Не сакаат дијалог, не сакаат ни тв дуел, туку само власт, по можност без избори. Еве сега сакаат и техничка влада.

Дали ова ви наликува како во Македонија во 2017-та. Ма не слично исто е. Сценариото е исто, различни се само глумците. И кај нас протестите на шарените почнаа како студентски а завршија како опозициски. Разликата е во тоа што власта во Србија реагираше експресно и сторителите и организаторите веднаш беа уапсени а кај нас истите такви станаа пратеници и министри. Па еве до кое дереџе ја доведедоа Македонија, истото ја чека и Србија ако не даj боже успеат во нивното сценарио. Ќе ја претворат Србија во Македонија каква што беше под влааст на Заев. Ете тоа ги чека и Србите. Многу е јасно и провидно.

Ова е крајот на првата сезона на петте минути со Чавез. Истеравме 40 епизоди ,ги искоментиравме домашните и регионалните случувања на наш начин. Се гледаме за неколку недели, пред почетокот на изборната кампања, во втората сезона. А тогаш, теми и пациенти колку сакаш.