Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди декаНикола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.
На 11 ноември, во текот на ноќта, некаде помеѓу еден и два, немаме официјални податоци, лицето Никола Грувески влегува на територијата на Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност. Влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пропусница издадена во унгарската амбасада во Тирана.12-ти ноември, некаде околу 22.30 тој влегува на преминот Гостун во Србија со регуларна лична карта во придружба од истите две лица, а во 05.11 часот ја напушта Србија на преминот Хоргош со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, со лична карта и во придружба на лица со дипломатски документи и дипломатско возило-објасни Вучиќ.
Comments are closed for this post.