Инвеститорите од Дубаи се решени да стават клуч на Бихачка. Стечај. Кога сите мислеа дека Венко и Зоки не можат да направат поголема глупост, ете можело. Лидерот во сенка реши да не го кандидира Костадин Костадинов за нов мандат за градоначалник на Струмица а Венко само потврди, тој и онака не се прашува за ништо.
За нив двајца не било важно дали Костадин е добар или лош градоначалник, тоа треба да го кажат струмичани, туку дали е лојален кон партијата. Така го изгубија Максим Димитриевски, така ќе го изгубат и детето на Заев, мислам на она политичкото дете. Го пуштија низ вода . Знаејќи ги како функционираат Зоки и Венко сиугрно се работи за кеш, за многу кеш, е коментарот на авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
За идеали не е сигурно
Пусти Косте колку сакаше да личи на Зоки,и косата ја чешлаше како Заев, дури и во говорот го имитираше.
И после не бил лојален, е што поголема лојалност од ова. Костадинов каков таков можеше да освои нов мандат . Вака им даваат на вмровците ни криви ни должни да ја освојат досега неосвоивата тврдина-Струмица, онаа на Цар Самоил кој според Зоки је пуно шетао.
Откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на кандидати за градоначалници, за СДСМ ќе биде успех ако освои и една општина. Жално за партијата, но потребно е да треснат за да им дојде памет кој им ја води.
Европската унија на случајот со Македонија докажува зошто Европа се нарекува блудницата вавиолонска
Откако сите се понадевавме дека во извештајот за напредокот на Македонија ќе стојат термините македонски јазик и народ, па макар тие не биле вековни како што предвидуваше првичната верзија на известувачот Вајц, Бугарија со помош на неколку партии во Европскиот парлаамент најверојатно ќе издејствува воопшто да не се најдат во финалната верзија.
Иако Резолуциите на Европскиот парламент се необврзувачки ни за институциите на Унијата а камоли за земјите-членки, ќе беше добро во еден официјален документ на ЕУ да стои македонски јазик и народ. Но, тоа не се случи .Македонската и европската јавност виде за што се работи.
Не им е нив до никави уставни измени туку до нашиот јазик и идентитет. Бугарија едноставно не сака во ЕУ, ако некогаш не примат да стои македонски јазик а официјален Брисел им помага . Нека им е со среќа, но да не се чудат кога на анкетите читаат дека паѓала поддршката кај Македонците за членство во ЕУ. Допрва ќе паѓа.
По тавче-гравчето на Марта Кос, ЕУ се претвори во бугарска запршка. И тоа загорена.
Кој бугарски политичар се фати со Македонија му завршува кариерата. Се сеќавате на Кирил Петков кој беше премиер и во чие време се потпиша францускиот предлог.
Е тој Петков си поднесе оставка поради корупција. Петков дојде во Скопје на средба со Ковачевски и за да не се налути не ја пуштија македонската химна а Таче молчеше кога тој велеше дека има проблем дури и со името Северна Македонија и дека тогашната власт мора да испрати нота во Обединетите нации дека Северна Македонија и Република Македонија било едно исто.
Види им го паметот. Претходно истата судбина ја дожвеаја и Каракачанов и Бојко Борисов. Останаа уште Румен Радев и оние будалетинки Ангел Џамбаски, Андреј Ковачев и Слави Трифонов кои живеат во времето на Санстефанска Бугарија, се коментира во колумната.
Comments are closed for this post.