Ни вековен ни модерен. Македонскиот јазик едноставно исечезна од извештајот за напредокот на Македонија. Ова е уште еден срам за ЕУ кој не издржа на бугарскиот притисок откако претходно во комисијата беше наведено дека македонскиот јазик и идентитет се вековни а не како што сакаа првично Бугарите и нивните сојзузници од ЕПП да бидат „современи“.
Ако има нешто добро во сево ова е што сите видоа со кого си имаме работа и оти не се работи за никакви Бугари во Устав како што бугарските власти сакаат да прикажат, туку се работи за нашиот идентитет и јазик, за македонскиот идентитет.
На бугарскиот притисок не издржа ни известувачот Томас Вајц кој можеби еден од пореалните што сме го имаме. Вакво сценарио можеше да се насети отако екипата на Таче го прифати францускиот предлог.
Го избугарија извештајот, море не само тоа, го направија турли тава и тавче-гравче.
Comments are closed for this post.